Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се зголеми бројот на жртви по експлозијата во рудникот во Казахстан

Бројот на загинати по рударска несреќа во Казахстан се искачи на 42 жртви, додека четири лица сè уште се водат како исчезнати, соопшти денеска казахстанската цивилна одбрана по разорната експлозија во областа Караганда.

Експлозија на метан го погоди окното на рудникот Костенко вчера наутро, додека повеќе од 250 рудари беа под земја.

Експлозивниот бран од експлозијата се прошири на повеќе од два километри по ходниците на окното, изјави шефот на спасувачката служба.

Казахтанскиот претседател Касим-Шомарт Токаев денеска прогласи ден на жалост ширум земјата.

Тој отпатува до местото на несреќата каде се случи најсмртоносната катастрофа во рудник во земјата во последните години и им изрази сочувство на семејствата на жртвите. 

Најново