Семејството на Михаел Шумахер планира тужба против списанието кое објави „интервју“ генерирано од вештачка интелигенција со поранешниот возач на Формула 1.
Шумахер, седумкратен шампион во Ф1, се здоби со тешки повреди на главата во несреќа на скијање во декември 2013 година и оттогаш не е виден во јавноста.
Die Aktuelle објави слика од насмеаниот Шумахер (54) на насловната страница на своето последно издание со наслов „Михаел Шумахер, првото интервју“. На лентата одоздола пишува „звучеше измамливо реално“, а во написот се појавува дека наводните цитати биле произведени од вештачка интелигенција.
Семејството потврди за новинската агенција Ројтерс дека планираат правна акција за случајот.
По несреќата на скијање, Шумахер беше ставен во индуцирана кома и беше вратен дома во септември 2014 година, а неговата здравствена состојба оттогаш семејството ја чува во тајност.
Синот на Шумахер, Мик порано возеше за Хаас во Ф1, а моментално е резервен возач на Мерцедес.
Во документарецот на Нетфликс од 2021 година, сопругата на Шумахер, Корина, рече: „Живееме заедно дома. Правиме терапија. Правиме се што можеме за да го подобриме Михаел и да се увериме дека му е удобно и едноставно да го натераме да го чувствува нашето семејство, нашата врска“, рече таа.
Сопругата додаде и дека „се обидуваме да продолжиме како семејство, онака како што му се допаѓаше на Михаел. И продолжуваме со нашите животи“.
„Михаел секогаш нè штитеше, а сега ние го штитиме Михаел“, рече Корина Шумахер.
извор: Би-Би-Си