Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди на влијанието на климатските промени.
„Опасни пожари, катастрофални поплави, екстремни топлотни бранови и продолжени суши. Климатските промени не се далечна закана – тоа се случува сега, влијаејќи на животите и екосистемите“, напиша Тедрос Аданом Гебрејесус на X, социјалната платформа порано позната како Твитер.
„Ајде да се здружиме, да ги намалиме емисиите, да промовираме издржливост и да изградиме одржлив пат напред. Нашата планета и идните генерации зависат од тоа“, додаде тој.
Во последните месеци се забележани зголемени топлотни бранови, циклони, поплави, суши и шумски пожари, а јули е забележан како најтопол месец во светот досега.