Шест лица хоспитализирани поради истекување на јаглерод моноксид во хотел во Рим

Фото: Ropostma, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Шест гости и еден вработен во хотел во Рим биле хоспитализирани поради истекување на јаглерод моноксид, јавува италијанската новинска агенција ANSA. Настанот се случил во хотел сместен на улицата Виа Аурелија, а околу сто гости биле евакуирани како мерка на претпазливост.

Според првичните информации, отровниот гас навлегол во 44 од 46 хотелски соби, што предизвикало итна реакција на италијанските итни служби.

Како најверојатен извор на истекувањето се наведува греењето на хотелот, односно дефект во системот. Гостите кои покажале симптоми на труење биле веднаш префрлени во болница, а останатите биле евакуирани додека трае проверката и проветрувањето на објектот.

Истрагата за причините на истекувањето е во тек.

Зачлени се на нашиот е-билтен