Француските синдикати започнаа нов бран демонстрации, барајќи од новиот премиер на земјата, Себастијан Лекорни, да обезбеди „мерки за социјална правда“ преку нацрт-буџетот.
Предвидено е околу 250 протести и маршеви низ целата земја, при што се очекува да учествуваат од 300.000 до 350.000 луѓе, вклучувајќи од 20.000 до 40.000 во Париз, според податоци на властите.
Првиот бран на овие протести беше организиран на 18-ти септември, а се проценува дека на улиците излегле од 500.000 до повеќе од милион луѓе.
Протестите се насочени против буџетските мерки што ги предложи поранешниот премиер Франсоа Бајру, со цел намалување на државниот дефицит, а чииот кабинет беше соборен на 8-ми септември.
Новиот премиер Лекорни вети намалување на државниот буџет, но и „фундаментални промени и пресврти“ во буџетските прашања.
Неговиот кабинет денеска објави дека разгледува неколку начини за намалување на даноците во корист на работниците.
Министерството за транспорт објави дека брзите возови и јавниот транспорт во Париз функционираат нормално.
Студентите организираа блокади и штрајкови на неколку универзитети низ земјата, кои беа прекинати поради апсења и нарушувања во сообраќајот.
Протестната шетња беше одржана во Марсеј, а една е закажана и за Париз подоцна попладне.