Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шојгу ќе ја посети Северна Кореја

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ќе ја посети Северна Кореја на прославата на годишнината од примирјето по Корејската војна, објавија денеска државните медиуми во Пјонгјанг.

Најавата за посетата на Шојгу уследи откако кинеска делегација потврди дека на 27 јули ќе присуствува во Пјонгјанг на одбележување на годишнината.

Најавените посети се толкува дека Северна Кореја повторно ги отвора своите граници за посетителите на високо ниво по долгото затворање поради пандемијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен