Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шојгу предложил заедничка поморска вежба на Русија, Северна Кореја и Кина

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му предложил на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун одржување на заедничка поморска вежба заедно со Кина, објави денеска јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на Јужнокорејската разузнавачка агенција.

Шојгу тоа му го предложил на Ким за време на посетата на Северна Кореја во јули по повод 70-годишнината од крајот на Корејската војна, која Пјонгјанг ја слави како Ден на победата.

Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја го информираше Националното собрание дека Шојгу најверојатно одржал приватен состанок со Ким за да се договори за, како што рече, „широка воена експанзија“, објави Јонхап. 

Зачлени се на нашиот е-билтен