Германскиот канцелар Олаф Шолц по состанокот на европските лидери во Париз рече дека поддршката за Украина мора да продолжи.
Шолц истакна дека не смее на Украина да ѝ се наметне диктат.
Канцеларот на Германија исто така додаде дека доколу европските земји трошат повеќе од два отсто од нивното БДП на одбрана, тоа не треба да влегува во лимитот на буџетот на ЕУ. Шолц најави дека Германија ќе продолжи да инвестира во одбраната.
„Не треба да има разидување помеѓу САД и Европа за одговорноста за безбедноста на Украина“ рече Шолц додавајќи дека потребни се дополнителни буџетски маржи за европското финансирање.