Американскиот актер Шон Пен ги посети украинските војници на фронтот.
Снимките објавени од 157-та посебна механизирана бригада на Украина го прикажуваат Пен во близина на Славјанск, на околу 20 километри од фронтот, и за време на состаноците со војниците.
65-годишниот добитник на Оскар ја пропушти церемонијата во Холивуд, и покрај тоа што освои награда за споредна улога во филмот „Битка по битка“.
„Шон Пен пристигна во Украина и лично посети борбена единица која извршува задачи во регионот Донецк“, соопшти бригадата, нагласувајќи дека ваквите посети го зголемуваат моралот на војниците.
Пен е познат по својата активна поддршка за Украина и ја посетил земјата неколку пати од почетокот на руската инвазија, вклучително и за да работи на документарец за претседателот Володимир Зеленски.
