Шпанија погодена од силно невреме

By dronepicr - Aerial view of Barcelona, Spain, CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=134028933
By dronepicr – Aerial view of Barcelona, Spain, CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=134028933

Североисточна Шпанија, вклучително и Каталонија, беше зафатена од силни дождови во саботата, предизвикувајќи значителни пореметувања во сообраќајот и поплави во повеќе градови.

Метеоролошката агенција Аемет прогласи црвен метеоаларм за поголемиот дел од Каталонија, откако во одредени подрачја наврнаа над 100 литри дожд на квадратен метар за само неколку часа.

Во Барселона, поплавена беше болница која поради прекин на струјата мораше да прекине со прием на нови пациенти. На аеродромот во Барселона, патнички авион кој требаше да лета кон САД се вратил назад поради оштетување на носот од град.

Железничкиот сообраќај низ Каталонија беше целосно прекинат неколку часа поради невремето. Компанијата „Ренфе“ ја суспендираше работата на сите брзи, регионални и приградски линии.

И покрај сериозноста на временските услови, службите за итни случаи соопштија дека над 70 лица побарале помош, но нема извештаи за сериозно повредени. Црвениот аларм беше укинат два часа по активирањето, но предупредувањата за нестабилно време остануваат на сила.

Зачлени се на нашиот е-билтен