Што има во писмото што Трамп му го испратил на Епстајн?

NBC archive footage shows Trump partying with Jeffrey Epstein in 1992
NBC archive footage shows Trump partying with Jeffrey Epstein in 1992

Прегледот низ медиумите дава појасна слика за тоа што содржи писмото што Трамп наводно му го испратил на Џефри Епштајн и што го објави Вол Стрит Џорнал, како и за реакциите што се појавуваат од минута во минута.

Вол Стрит Џорнал објави дека поседува писмо што Гислен Максвел, пријателката на Џефри Епштајн, му го испратила по повод неговиот 50-ти родеден.

Писмото било дел од повеќе други, ставени во кожна папка, и во него, според Вол Стрит Џорнал, има неколку редови напишан текст што завршуваат со „Среќен роденден – и нека секој ден биде уште една прекрасна тајна“ со потпис „Доналд“.

Според информациите на медиумите во САД, писмото е врамено заедно со цртеж со нацртана гола жена, нацртана со маркер, со потписот на Трамп во долниот дел од фигурата.

Ова е само уште еден доказ, според Вол Стрит Џорнал, дека Доналд Трамп имал многу блиски односи со починатиот Џефри Епстајн, за кој е откриено дека организирал забави на кои биле злоставувани малолетнички.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, поднесе тужба за клевета против издавачот на Волстрит журнал и новинарите кои ја напишале сторијата за наводна колекција писма подарени на Џефри Епштајн за неговиот 50-ти роденден во 2003 година, објави Си-Ен-Ен.

Тужбата, со која Трамп која бара најмалку 20 милијарди долари оштета, претставува исклучително ескалирање на правната офанзива на Трамп против медиуми што ги смета за противници. Тој негира дека го напишал спорното писмо. Ројтерс и други медиуми забележуваат дека автентичноста на писмото сѐ уште не е независно потврдена.

Зачлени се на нашиот е-билтен