Што имаат заедничко сите европски кралеви?

Фотографија генерирана со Вештачка интелигенција

Сите актуелни монарси во Европа, од кралот Чарлс до принцот Алберт од Монако, имаат една заедничка физичка карактеристика – сини очи.

Фактот дека европските монархии имаат многу заедничко и дека се поврзани преку вековни семејни врски не е никаква тајна. Во поблиско или подалечно сродство, сите можат да најдат барем еден заеднички предок, а често и повеќе.

Британската кралица Викторија, која имала многу деца, го добила прекарот Баба на Европа бидејќи ги омажила и оженила низ речиси сите европски кралства. Слично важи и за данскиот крал Кристијан X Дански, кој поради слични причини бил нарекуван Свекор на Европа.

Генетското наследство придонело и за некои слични физички карактеристики.

Иако во последниве педесетина години во кралските семејства влегуваа и принцези и принцови без „сина крв“, интересно е што денес во Европа владеат исклучиво луѓе со сини очи.

Апсолутно сите европски монарси имаат сини очи – од северот, каде што се наоѓаат норвешкиот крал Харалд, шведскиот Карл Густав и данскиот Фредерик, преку холандскиот крал Вилем-Александер и белгискиот крал Филип, па сè до британскиот крал Чарлс и шпанскиот крал Фелипе на крајниот југ.

Интересно е што и владетелите на малите европски држави, големиот војвода Хенри од Луксембург, принцот Алберт од Монако и принцот Ханс Адам од Лихтенштајн, исто така се синооки.

Но, дали така ќе остане и со следната генерација?

Веќе во октомври оваа година ќе се случи промена: на тронот на Луксембург ќе дојде принцот Гијом, кој има темни очи наследени од неговата мајка Марија Тереза, чие потекло е од Куба.

Шведскиот трон ќе го наследи принцезата Викторија, која исто така има темни очи, а по неа и нејзината ќерка Естел.

И со Холандија ќе владее една убава девојка со кафеави очи, принцезата Катарина-Амалија, во чии гени се вмешала нејзината мајка, кралицата Максима, со потекло од Аргентина.

Норвешка, пак, во иднина ќе има кралица со кафеави очи, односно принцезата Ингрид Александра. Но, пред неа тронот ќе го преземе нејзиниот татко, принцот Хокон, кој има зелени очи.

Извор: Rts.rs
Фото: Instagram

Зачлени се на нашиот е-билтен