Претседателот Џо Бајден се придржува до традицијата што ја започна Роналд Реган и му остави писмо на масата во Овалната соба на неговиот наследник Доналд Трамп пред да замине од Белата куќа.
Бајден потврди дека му напишал писмо на Трамп, но не кажал што му напишал на 47. претседател, избирајќи тоа да остане меѓу двајцата лидери, според ABC News.
Во 2021 година, откако одби да присуствува на инаугурацијата на Бајден, Трамп сепак ја задржал традицијата и му напиша писмо на Бајден.
Бајден никогаш не ја објави содржината на писмото, но го опиша како „многу љувезно“ и докрај го сметаше за приватно.
Подоцна зборувајќи за содржината на писмото, Трамп изјави дека е целосно избор на Бајден да го сподели писмото или не. „Тоа беше убаво писмо“, рече тој во емисијата „Запознајте го печатот“ на NBC во 2023 година, додавајќи: „Одвоив многу време размислувајќи што да напишам“.
Оваа традиција ја започнал Роналд Реган во 1989 година кога остави писмо за неговиот наследник, неговиот потпретседател Џорџ Х.В. Буш.
Тогаш Реган му напиша на Х.В. Буш, „Не дозволувај мисирките да те срушат“, вклучително и цртеж на мисирки кои се качуваат на слон, ако се знае дека слонот е симбол на Републиканската партија.