Што се случи вчера на Вол Стрит? „Овој лек е полош од болеста“

By Ajay Suresh from New York, NY, USA - NASDAQ MarketWatch, CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=88233788
By Ajay Suresh from New York, NY, USA – NASDAQ MarketWatch, CC BY 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=88233788

Вчера на Вол Стрит, индексите на берзите Dow Jones и S&P 500 благо паднаа, додека Nasdaq порасна, по многу неизвесното тргување бидејќи инвеститорите стравуваат од натамошна ескалација на тарифната војна и рецесија.

Индексот Dow Jones падна за 0,90 отсто, на 37.965 поени, а S&P 500 за 0,23 отсто, на 5.062 поени. Индексот Nasdaq, пак, порасна за 0,10 отсто на 15.603 поени.

На самиот почеток на вчерашното тргување, овие индекси паднаа на најниските нивоа за една година, но подоцна ги надополнија загубите, а Nasdaq дури и благо порасна. Трговијата беше многу нестабилна бидејќи поради ескалацијата на царинската војна и зголемениот ризик од рецесија, нема причина пазарот да закрепне, ги пренесува хрватски Индекс.хр анализите на финансиските центри.

Се покажа дека веста за одложување на царината е лажна

Додуша, во еден момент индексите силно пораснаа и навлегоа на позитивна територија, но набрзо се вратија на негативна територија бидејќи се покажа дека веста за одложување на воведувањето царини за 90 дена е лажна.

Американскиот претседател Доналд Трамп не се откажува од царините, а вчера дури се закани и со дополнителни драстични царини за увоз од Кина. Затоа, нема причина пазарот да се опорави по минатонеделниот остар пад.

„Овој вид на лек е полош од болеста“

„Главниот проблем на пазарот е начинот на кој администрацијата на Трамп се обидува да го реши проблемот со трговскиот дисбаланс. Овој лек е полош од болеста. Очигледно е дека инвеститорите би сакале одложување на тарифите или сосема поинаков начин на решавање на овој проблем“, вели Рик Меклер, партнер во Cherry Lane Investments.

Поради ова, во наредните денови се очекува нестабилно тргување. На ова укажува и порастот на индексот „страв“ VIX на ново највисоко ниво од 2020 година и кризата со коронавирус. Ова значи дека инвеститорите се повеќе ги штитат своите портфолија од евентуален понатамошен пад на цените на акциите.

Остар пад во Европа

И на европските берзи цените на акциите вчера остро паднаа. Индексот STOXX 600 на најважните европски акции потона за 4,5 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс се намали за 4,38 отсто, на 7.702 поени, додека франкфуртски DAX потона за 4,13 отсто, на 19.789 поени, а париски CAC за 4,78 отсто, на 6.927 поени.

Зачлени се на нашиот е-билтен