Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шумските пожари во Лос Анџелес сè уште се активни 10 дена подоцна, идната недела се очкеуваат нови ветрови

Иако има значителни знаци на напредок во контролирањето на пожарите во Лос Анџелес, синоптичарите и официјалните лица ги предупредуваат жителите да се подготват за уште една рунда опасни ветрови на почетокот на следната недела.

Повеќе од 170.000 луѓе сè уште се под известување за евакуација. Многу евакуирани кои сакаат да се вратат во нивните уништени населби за да ја испитаат штетата, ќе мора да почекаат најмалку уште една недела, бидејќи опасниот материјал сè уште се отстранува. За некои, враќањето дома е со месеци.

Во пожарите загинаа најмалку 27 луѓе – властите неодамна ја објавија смртта на 69-годишното лице кое претходно бил пријавен за исчезнат за време на пожарот во Палисадес во Малибу.

Експертите за пожари и иследниците за подметнување пожари изјавија за Си-Ен-Ен дека би можело да потрае неколку месеци пред да дознаат како се запалиле големите пожари во регионот.

Зачлени се на нашиот е-билтен