Министерката за здравство на Шведска, Елизабет Лан, предизвика загриженост поради својот здравствен статус откако се онесвести и падна за време на прес-конференција.
На снимките што брзо се шират на интернет се гледа како Лан полека се наведнува нанапред додека го слуша говорот на друг колега, а потоа паѓа преку пултот. Премиерот Улф Кристерсон, други политичари на сцената и дел од новинарите веднаш ѝ пружиле помош. Лан изгледала без сознание по падот.
BREAKING: 🇸🇪 Sweden's Health Minister Elisabet Lann collapses during live press conference pic.twitter.com/aJE0NxT0AJ
— Megatron (@Megatron_ron) September 9, 2025
Според локалните извештаи, членови на владината заштита веднаш реагирале и ѝ помогнале, а министерката подоцна се вратилa на сцената и го објаснила колапсот како „нагло паѓање на шеќерот во крвта“. Сè уште не е познато дали по инцидентот побарала лекарска помош, но се чини дека не е сериозно повредена.
Овој инцидент се случува само неколку дена откако Лан беше именувана за министеркa за здравство, откако нејзината претходничка, Ацко Анкарберг Јохансон, поднела оставка претходно оваа недела.