Смртоносен напад од ајкула во Сиднеј

Маж загина на плажата Лонг Риф во Сиднеј откако беше нападнат од ајкула, јавува BBC. Иако брзата помош го извлече од морето, тој починал на самото место поради критичните повреди.

Поради инцидентот затворени се повеќе плажи на северното крајбрежје. Полицијата истражува која вид ајкула стои зад нападот, а идентитетот на жртвата сè уште не е објавен.

Во Австралија годишно се регистрираат околу 20 напади на ајкули, но смртоносните случаи се исклучително ретки.

Зачлени се на нашиот е-билтен