Земјотрес со прелиминарна јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Истанбул, соопшти турската агенција за вонредни ситуации, а пренесе АП.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 40 километри југозападно од Истанбул во Мраморното Море, на длабочина од околу 12 километри. Потреси се почувствувани во неколку соседни региони.
Според податоците објавени на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар EMSC, следеле серија последователни потреси, од кои едниот бил со јачина од 5,3 степени.
Moment of 6.2 magnitude earthquake in Istanbul captured on security camera footage pic.twitter.com/vLfFrF6dge
— Türkiye Today (@turkiyetodaycom) April 23, 2025
Во Истанбул се треселе згради, но засега нема информации за можни жртви, пренесува Ројтерс.
Во меѓувреме пристигнуваат првите видеа на кои се гледа како луѓето во паника се обидуваат да најдат заштита.
Во Турција се сечат од две големи подморски плочи, а земјотресите се чести.