Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала денес беше регистриран во северозападниот кинески регион Синџијанг, во близина на границата со Киргистан, соопшти Кинескиот центар за земјотреси (CENC).
Според податоците, потресот се случил околу 16 часот по локално време, јавува Ројтерс.
Во моментов нема информации за евентуални жртви или повредени лица.
CENC наведува дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу десет километри.

