Силен земјотрес од 7.7 според Рихтер во Мјанмар, потресите предизвикале штети и паника и во Кина и Тајланд

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Геолошкиот институт на САД (USGS).

Потресите беа почувствувани во Кина и Тајланд, а снимките на социјалните мрежи покажуваат како луѓе евакуираат згради во Бангкок и се собираат на улиците.

Геолошкиот институт на САД (USGS) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,7 степени и на длабочина од 10 километри. По него следеше силен последователен потрес.

Според USGS, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 16 километри северозападно од бурманскиот град Сагаинг, во близина на градот Мандалеј. Ова е област на околу 100 километри северно од главниот град Најпидау.

Новинарите на АФП во Најпидау рекоа дека патиштата биле уништени од силината на потресите и делови од таваните паднале.

Од Мјанмар засега нема информации за штети.

Службеник од Одделот за противпожарни служби во Мјанмар изјави за Ројтерс: „Почнавме потрага и одиме низ Јангон за да провериме дали има жртви и штети. Засега сè уште немаме информации“.

Објавите на социјалните мрежи од Мандалеј покажаа срушени згради и остатоци расфрлани низ улиците. Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди објавите.

Очевидци контактирани во Јангон изјавија дека многу луѓе истрчале од зградите во градот, најголемата во земјата.

Сведоците во Бангкок рекоа дека луѓето во паника истрчале на улиците, многумина од нив гости на хотелот во бањарки и костими за капење.

Зачлени се на нашиот е-билтен