Во Анкара денеска е регистриран силен земјотрес со магнитуда од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Центарот за управување со катастрофи (AFAD).
Земјотресот го зафати централниот дел на Турција и особено се почувствува во областа Чанкаја, каде се наоѓа и државната радиотелевизија TRT.
Според медиумските извештаи, потресот предизвика паника кај населението, при што луѓето во страв масовно излегувале од своите домови, угостителски и трговски објекти. На социјалните мрежи веќе се појавија снимки на кои се гледа моментот на паничното бегство.
Ankara Kalecik’te yaşanan deprem anı kameraya böyle yansıdı.#deprem#Ankara pic.twitter.com/zhA9JhxzgT
— Başkent Ajansı (@baskentajansi) September 11, 2025
Иако земјотресот бил релативно плиток – со длабочина од 11 километри – што придонело да се почувствува посилно во урбаните средини, властите соопштија дека засега нема пријавено посериозни штети врз инфраструктурата и објектите.
Надлежните институции продолжуваат со проценка на состојбата во погодените подрачја.