Силни земјотреси во Мјанмар и Таџикистан

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар рано утринава, соопштено е од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри, 92 километри јужно од градот Мандалај, се наведува во извештајот на EMSC, кој го пренесува Танјуг.

Се уште нема информации за можни повредени или штета.

Во земјотресот со јачина од 7,7 степени по Рихтерова скала кој го погоди Мјанмар на 28 март, загинаа повеќе од 3.600 лица, а повеќе од 5.000 се повредени, како што соопшти воената хунта.

Во тој земјотрес беа уништени скоро 49.000 куќи и повеќе од 2.100 владини згради.

Земјотрес со јачина од 6,4 степени денеска го погоди и Таџикистан, централноазијска држава, на длабочина од 16 километри (10 милји) во неделата, соопштил Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), пренесува „Ројтерс“.

Според соопштението, епицентарот на земјотресот се наоѓал 38 километри источно од градот Рашт, во Таџикистан.

Зачлени се на нашиот е-билтен