Скелет од македонски државјанин пронајден во подрум во Брисел 23 години по исчезнувањето

скелет

Скелет откриен во јули за време на реновирање на куќа во Форест е идентификуван, објави во вторник федералната полиција на Белгија, и објави апел за сведоци кои би имале повеќе информации, објави белгиската новинска агенција.

Телото е пронајдено во подрумот на куќата на улицата Капорал Тресиње. Идентификувано е како Реџеп Рахмановски, 27-годишен маж од Северна Македонија кој се води како исчезнат повеќе од 20 години.

Последниот познат настан кајшто бил виден Рахмановски бил вечерта на 16 јули 2003 година, кога го напуштил ресторанот во кој работел на улицата „Ру ду Марше о Фромаж“ во центарот на Брисел.

Белгиската полиција апелира секој што има информации да ја контактира надлежната служба елктронската адреса avisderecherche@police.belgium.eu или на бесплатниот телефонски број 0800 30 300.

Зачлени се на нашиот е-билтен