Европската Унија планира да воведе царини од 25% за широк спектар извозни производи од САД во вредност од околу 22 милијарди евра, како одговор на американските реципрочни царини. Според информации од интерен документ до кои дојде „Политико“, царините ќе ги опфатат производи како соја, месо, тутун, железо, челик и алуминиум, кои се дел од најважните американски извозни сектори.
Членките на ЕУ денеска ќе гласаат за овие царини, а не се очекува никаква значајна спротивставеност. Првите царини ќе стапат на сила на 15 април, за производи како брусница и сок од портокал, додека царините за челик, месо и други производи ќе бидат применети на 16 април. На 1 декември ќе почнат да важат царините од 25% за бадеми и соја.
Царините ќе погоди извозот од републиканските сојузни држави, чија вредност се проценува на 13,5 милијарди долари. Најголема цел на ЕУ ќе биде сојата, која е втор најголем извозен производ на САД, и често се извезува од Луизијана, државата на спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон.
Мета на царините ќе бидат и други производи од државите кои традиционално го поддржуваат Републиканската партија, вклучувајќи говедско месо од Канзас и Небраска, живина од Луизијана, цигари од Флорида и производи од дрво од Северна Каролина, Џорџија и Алабама. Во списокот се наоѓаат и помалку очекувани производи како сладолед од Аризона, марамчиња од Јужна Каролина, и електрични ќебиња од Алабама.
Одмаздничките мерки од Кина, Канада и ЕУ се очекува да погоди американски извоз во вредност од 90 милијарди долари.