Соседска кавга доведе до трагедија во Франција: убиено 11 годишно девојче, мајката и таткото ранети во главата

Единаесетгодишно девојче од Британија е застрелано додека си играше на лулашки во градината на нејзината семејна куќа во село во западна Франција. Во нападот во селото Сен Хербо во Бретања се повредени и таткото и мајката на девојчето, додека нејзината осумгодишна сестра се спасила неповредена.

Семејството Торнон, кое живее во селото околу пет години, уживало на скара во својата градина, а девојките си играле на лулашки околу 22 часот кога се појавил нивниот сосед Холанѓанец со пиштол и испукал кон нив неколку истрели.

11-годишната Солен Торнон била убиена веднаш, додека нејзиниот татко, 52-годишниот Адриен, бил застрелан во главата. Тој е пренесен во болница каде неговата состојба  е опишана како критична.

Мајката на девојчињата, Рејчел (49), била застрелана во грбот и главата, но наводно е надвор од животна опасност, изјави јавната обвинителка Карин Хали. Најмладата ќерка Селест, која е на возраст од осум години, извикувајќи дека нејзината сестра е мртва избегала во соседниот имот.

Обвинителката Хали рече дека 71-годишниот сосед Холанѓанец е приведен во врска со случајот.  Сослушана е и неговата сопруга.

Француските медиуми објавија дека дошло до конфликт меѓу британското семејство и нивните соседи за земјиште кое се наоѓало помеѓу нивните одвоени имоти. Конфликтот траел три години.

Убиството се случи само неколку дена откако тригодишно британско девојче беше меѓу четирите деца и двајца возрасни избодени со нож во парк во Анеси во источна Франција.

извор: Гардијан 

Зачлени се на нашиот е-билтен