Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Советот на ЕУ одобри 454,8 милиони евра помош за Романија, Италија и Турција за справување со последиците од елементарните непогоди 

Советот на ЕУ денеска го прифати предлогот на Европската комисија за издвојување вкупно 454,8 милиони евра помош за справување со последиците од природните непогоди во Романија и Италија во 2022 година и од земјотресите во Турција од февруари годинава.

Од вкупната сума, 33,9 милиони евра ќе бидат наменети за Романија за справување со последиците од сушата што лани ја погоди земјата, 20,9 милиони евра за Италија за санирање на штетите од поплавите што ги погодија централните италијански региони во септември 2022 година и 400 милиони евра за Турција за јужните региони Караманмараш и Хатај, кои во февруари годинава беа погодени од силни земјотреси, информира Европската комисија.

Финансиската помош ќе биде исплатена откако предлогот ќе биде одобрен и од Европскиот парламент. 

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на ЕУ за 2023 година и ќе бидат префрлени на сметка на Фондот за солидарност на Унијата, од каде потоа ќе им бидат исплатени на трите земји. Целта на Фондот за солидарност на ЕУ да обезбедува финансиска помош во случај на елементарни непогоди во земја членка или држава која преговара за членство во Унијата. с

Треба да знаете
Moже да ве интересира