Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Советот НАТО – Украина ќе расправа за транспортот на украинското жито преку Црното Море

На барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски Советот НАТО-Украина ќе одржи состанок во среда на кој ќе се разговара за транспортот на украинското жито преку Црното Море, соопшти денеска портпаролката на Алијансата Оана Лунгеску.

Таа на својот Твитер профил, објави дека тоа ќе биде прва седница на Советот формиран на самитот на Алијансата во Вилнус на 11 и 12 јули. Состанокот ќе биде на амбасадорско ниво.

Зеленски вчера pobara до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, да го свика Советот НАТО-Украина што е можно поскоро поради, како што наведе, „агресивните дејствија на Русија во Црното Море“. 

– Секоја дестабилизација и нарушување на извозните рути ќе предизвика проблеми со соодветни последици за сите во светот. Кризата со цените е најмалата од можните последици, предупреди Зеленски.    

Тој им предложи на Турција и на ОН коридорот за жито во рамките на Црноморската иницијатива за жито да продолжи да функционира без Русија.

Москва соопшти дека ги повлекува гаранциите за безбедност на бродовите во рамките на Иницијативата за црноморско жито, која истече на 17 јули.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе ја разгледаат можноста за враќање на договорот за жито само доколку условите на Русија бидат целосно исполнети.

Зачлени се на нашиот е-билтен