[ВИДЕО] SpaceX ја лансираше ракетата Falcon 9 со тајна мисија за американската армија

Ракетата Falcon 9 на компанијата SpaceX вчера беше успешно лансирана од рампата 40 на Вселенската станица Кејп Канаверал на Флорида, носејќи класифициран товар за Националната разузнавачка служба на САД (NRO). Станува збор за уште една строго тајна мисија наменета за американската национална безбедност.

Лансирањето беше изведено во 14:16 часот по источенамеричко време (19:16 GMT), при што ракетата се проби низ облачното небо над Cape Canaveral Space Force Station. Мисијата е означена како NROL-77, а деталите за товарот, како и вообичаено кога е во прашање NRO, остануваат непознати.

Националната разузнавачка служба, која функционира во рамките на американското Министерство за одбрана, управува со флотата шпионски сателити на САД. Во нивното кратко официјално соопштение беше наведено дека мисијата „пренесува товар за националната безбедност, дизајниран, изграден и управуван од NRO“, без дополнителни технички информации.

И симболиката на мисијата е мистично претставена. Логото на NROL-77 прикажува вервериче во лет со слоган: „Another One Gone — Today, Tomorrow and Beyond“ („Уште една завршена – денес, утре и понатаму“). Според NRO, верверичето ја симболизира постојаната активност, упорност и посветеност на собирањето клучни податоци од вселенскиот домен.

„Секогаш активна, таа обезбедува основни сознанија за нацијата и нејзините сојузници. Секоја мисија е значајна, секоја одлука носи тежина, а секој напредок нè води понатаму“, наведоа од NRO, нагласувајќи ја важноста на мисијата NROL-77.

Лансирањето претставува втора NRO-мисија што SpaceX ја реализира во рамките на договорот за национални безбедносни вселенски лансирања (NSSL), фаза 2, добиен во август 2020 година. Ова е и трета мисија во текот на 2025 година што компанијата ја спроведува за NRO и Американската вселенска команда.

Годинава вкупно се изведени седум Falcon 9 мисија со ознака „NROL-“, меѓу кои NROL-153, NROL-57, NROL-69, NROL-192, NROL-145 и NROL-48, лансирани од јануари до септември.

Првиот степен на Falcon 9 повторно успешно се врати и слета во Кејп Канаверал, што уште еднаш го потврдува концептот на повторна употреба на ракетните системи на SpaceX – дури и во комплексни и високо чувствителни мисии за американската армија и разузнавачката заедница.

Зачлени се на нашиот е-билтен