Шпанија ја истражува X, Meta и TikTok поради AI‑генериран материјал за злоупотреба на деца

Шпанската влада нареди на јавното обвинителство да покрене истрага против социјалните платформи XMeta и TikTok поради наводно ширење на материјали за злоупотреба на деца генерирани со вештачка интелигенција (AI), соопшти шпанскиот премиер Педро Санчез

Тоа следи по предупредувањата дека големите технолошки компании не успеваат ефикасно да го спречат појавувањето и ширењето на такви содржини на нивните платформи, што според Санчез го загрозува психичкото здравје, достоинството и правата на децата. Тој истакна дека државата не може да го дозволи продолжувањето на таквата пракса и дека неказнивоста на техно‑гигантите мора да престане

Истрагата ќе се фокусира на можни кривични дела поврзани со создавање и дистрибуција на порно материјали за злоупотреба на деца генерирани со AI, користејќи инструменти како AI‑ботови и алгоритми. Санчез претходно најави и дополнителни мерки за заштита на младите, вклучително и предлог‑забрана за користење на социјални мрежи за лица под 16 години

Оваа шпанска иницијатива доаѓа во контекст на пошироки напори во Европа за заострување на регулативата на дигиталните платформи и заштита на малолетниците од опасни и незаконски содржини, како и контролa на злоупотребата на технологијата за создавање штетни или манипулирачки содржини.

Зачлени се на нашиот е-билтен