Шпанската поморска спасувачка служба денеска соопшти дека спасила 84 мигранти од субсахарска Африка, кои биле во чамец во близина на островот Гран Канарија.
Еден мигрант загинал, а осум други меѓу кои и една жена, се пренесени во болница.
Во моментот на спасувањето, чамецот бил на околу 15 километри од Гран Канарија, а мигрантите биле однесени во пристаништето Аргинегин околу пет часот наутро по локално време.