Срамни сцени во базиликата: Насмеани се сликаат селфи со телото на Папата

The late Pope Francis' body lies in the chapel of the Casa Santa Marta (VATICAN MEDIA Divisione Foto)
The late Pope Francis’ body lies in the chapel of the Casa Santa Marta (VATICAN MEDIA Divisione Foto)

Телото на папата Франциск е изложено во ковчег во базиликата Свети Петар, а многумина предизвикаа револт поради несоодветно однесување.

Многу ожалостени верници кои во средата пристигнаа да оддадат почит на папата Франциск, го осудија однесувањето на корисниците на социјалните мрежи кои се фотографирале со селфи до неговиот отворен ковчег.

Откако почина на 88-годишна возраст на Велигденски понеделник, телото на папата беше пренесено во базиликата Свети Петар во Ватикан за тридневна проштална церемонија.

Десетици илјади верници дојдоа да му оддадат последна почит на покојниот папа, но некои предизвикаа негодување откако на социјалните мрежи објавија вознемирувачки селфи фотографии, на кои во позадина се гледа телото на Франциск во дрвен ковчег.

На Инстаграм се појави фотографија од жена која насмеано позира пред камерата, додека само неколку метри зад неа лежи починатиот папа, со бројаница во рацете.

Иако ватиканските власти формално не го забранија фотографирањето, според некои извештаи, чуварите интервенирале и ги сопреле некои посетители кои се обидувале да направат морбидни фотографии, пишува Daily Mail.

Ожалостените кои чекале и по осум часа во редица за последен пат да се простат со папата пред неговиот погреб во сабота, изјавиле дека оние што правеле селфи фотографии биле „непристојни“.

„Бев шокирана бидејќи претходно нè предупредуваа дека не смееме да фотографираме во Сикстинската капела, а овде луѓето си ги вадеа телефоните и се сликаа со ковчегот. Мислам дека тоа е многу несоодветно и зачудува што никој не ги сопре“, рече една посетителка.

Извор од Ватикан додаде:

„Би било добро кога луѓето би имале свест за тоа каде се наоѓаат и би покажале малку почит.“

Еден верник изјавил дека атмосферата била нарушена од страна на оние што „ги игнорирале предупредувањата“ и наместо во тишина да му оддадат почит, фотографирале.

Фотографиите на светските агенции покажуваат голем број луѓе собрани околу телото на папата со кренати телефони во воздух. Многу екрани светеле околу телото на покојниот папа, а некои дури користеле и селфи стапови за да добијат подобар кадар.

Забележани се и фотографии на калуѓерки собрани со телефони околу поранешниот поглавар на Католичката црква.

Зачлени се на нашиот е-билтен