Расизмот на Фараж би ја распарчил Велика Британија, изјави во емисија на Б-Би-Си, британскиот премиер Кир Стармер оценувајќи ги политиките на десничарскиот популистички лидер Најџел Фараж расистички и неморални во однос на неговиот предлог за депортација на некои легални мигранти кои веќе живеат во Велика Британија.
„Мислам дека тоа е расистичка политика“, изјави Стармер за Би-Би-Си на почетокот од годишната конференција на неговата владејачка Лабуристичка партија во Ливерпул во неделата. „Тоа е неморално и треба да го осудиме онакво какво што е.“
Стармер направи разлика, односно рече дека не мисли дека оние кои размислуваат да гласаат за партијата на Фараж, Реформа на Велика Британија, се расисти.
Коментарите на Стармер се едни од најсилните критики што ги упатил досега кон Фараж и неговата партија, која води во анкетите на јавното мислење во Велика Британија и за прв пат се смета за потенцијален победник на следните општи избори, кои треба да се одржат во 2029 година.
Премиерот е под силен политички притисок пред конвенцијата, соочувајќи се со критики за неговата проценка и лидерство.