Основната царина на Доналд Трамп од 10 отсто за сите земји стапи на сила вчера, погодувајќи ја светската економија.
Како одговор, британскиот премиерот Кир Стармер вели дека „светот каков што го знаевме веќе не постои“. Тој вели дека ќе продолжи да се залага за економски договор со САД за да се избегнат некои од царините, но исто така сугерира дека владата би можела да се активира за да ги заштити британските интереси.
„Ние сме подготвени да користиме индустриска политика за да помогнеме да се заштити британскиот бизнис од бурата“, пишува тој во „Сандеј Телеграф“.
„Некои луѓе може да се чувствуваат непријатно поради ова – идејата дека државата треба директно да интервенира за да го обликува пазарот често беше исмејувана“, вели тој.
„Но, ние едноставно не можеме да се држиме до старите чувства кога светот се врти толку брзо“.
Тој, исто така, вели дека Обединетото Кралство ќе работи на зајакнување на сојузите и намалување на трговските бариери со другите земји и дека владата ќе ги засили плановите да ја направи Британија помалку ранлива на „глобалните шокови“ на пазарот.