Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека утре ќе биде поставено знамето на пред седиштето на Алијансата во Брисел.
Финска утре ќе стане 31-ва членка на НАТО.
– Утре ќе ја пречекаме Финска како 31-ва членка, изјави Столтенберг во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.
Процесот на ратификација во 30-те земји членки на НАТО беше завршен на 31 март со одобрението на турскиот Парламент за пристапување на Финска, која поднесе барање за членство во НАТО во мај 2022 година.