Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Столтенберг: Не произведуваме доволно муниција, потрошувачката е многу поголема

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг призна дека постојното западно снабдување со муниција „не е одржливо“ на сегашното ниво бидејќи „потрошувачката е многу поголема“.

Во денешното интервју за Скај Њуз, Столтенберг рече дека  верува дека конфликтот сега станува „борба за логистика“, така што сојузниците на Украина мора да го зголемат производството.

– Единствениот начин да ја одржиме нашата поддршка за Украина е да го направиме она што сакаме да го направиме сега, а тоа е да се вклучиме во одбранбената индустрија за да се осигураме дека сојузниците потпишуваат долгорочни договори, додаде тој.

Тој повтори дека НАТО ќе стои покрај Украина „сè додека е потребно“.

– Не можеме да дозволиме Путин да победи во Украина – тоа ќе биде трагедија за Украинците, но ќе биде опасно за нас, продолжи тој.

Столтенберг се осврна и на прашањето дали на Украина ќе и биде дозволено да се приклучи на одбранбениот воен сојуз.

– Позицијата на НАТО е непроменета. Украина ќе стане членка на НАТО, но сега главниот фокус е да се осигура дека Украина може да преовладува како суверена, независна нација во Европа, заклучи генералниот секретар на НАТО

Зачлени се на нашиот е-билтен