Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Столтенберг се обрати на првиот Одбранбен форум 2023: Не сте сами, сојузниците на НАТО стојат заедно во солидарност

Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој се обрати преку видео конференциска врска на првиот Одбранбен форум 2023, оцени дека Северна Македонија ја зголемува безбедноста на Алијансата, но и помага да се шири безбедноста на Западен Балкан.

-Ние сме семејство на демократии посветени да се бранат едни со други. Откако добивте прием во НАТО, значително ги зголемивте трошоците за одбраната. Имате јасен план да инвестирате два отсто од БДП во одбраната до 2024 година. Се покажавте како постојан сојузник. За време на руската инвазија на Украина, обезбедивте воена и хуманитарна помош за Украина. Неодамна се соочивте со намерни и континуирани хибридни напади. Тоа е и опасност за сите нас. Ова е ситуација со која ниту еден сојузник не може да се соочи сам. Но, вие не сте сами. Сојузниците на НАТО стојат заедно во солидарност. Сите за еден и еден за сите, рече Столтенберг.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново