Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Судењето на Трамп за задржување на доверливи документи е закажано за 14 август

 Почетокот на судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, обвинет за несовесно постапување со државни тајни, е закажан за 14 август во Мајами.

Поранешен претседател и претседателски кандидат за изборите во 2024 година, е обвинет дека ја загрозил безбедноста на САД со задржување на доверливи документи по напуштањето на Белата куќа.

Трамп се изјасни за невин по обвиненијата против него, нарекувајќи го обвинението „грозоморна злоупотреба на моќта“.

Доколку датумот за почеток на судењето не биде пролонгиран, судењето ќе почне околу една недела пред првата дебата на републиканските претседателски кандидати, што е закажана за 23 август во Висконсин.

Зачлени се на нашиот е-билтен