Поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон, кој побегна во Белгија, е на работ на губење на имунитетот, а обвинителството побара повторно активирање на меѓународната потерница.
Само три недели пред изборите, Генералниот суд на Европската унија (TGUE), со седиште во Луксембург, му го одзеде имунитетот на Пуџдемон како пратеник во Европскиот парламент, пишува шпанскиот весник „Паис“.
Резолуцијата се однесува и на двајцата советници на каталонската влада која го организираше референдумот за независност на 1 октомври 2017 година, Тони Комино и Клара Понсати