Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Светска метеоролошка организација: Можно е зголемување на глобалната просечна годишна температура

Глобалната просечна годишна температура најверојатно во следните пет години првпат ќе се зголеми за повеќе од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, објави денеска Светската метеоролошка организација (World Meteorological Organization).

Светска метеоролошка организација минатата година прогнозираше дека има помалку од 50 проценти тоа да се случи, но годинава ја ревидира прогнозата и предвидува 66 отсто веројатност.

Целта за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени беше поставена на Конференцијата на ОН за климатски промени во Париз во 2015 година.

Организацијата со седиште во Женева не предвидува дека глобалното затоплување трајно ќе се искачи над границата во следните неколку години.

– Сепак, Светската метеоролошка организација алармира дека привремено ќе биде надминато нивото од 1,5 Целзиусови степени со зголемена фреквенција, изјави генералниот секретар на Организацијата, Петри Талас.

Просечната глобална температура во 2022 година била околу 1,15 степени над просекот од температурата во периодот од 1850 до 1900 година.

Агенцијата на ОН, исто така, очекува една од следните пет години да ја надмине 2016 година како најжешка година досега поради климатските промени предизвикани од човекот и природниот феномен Ел Нињо.

Ова ќе има далекусежни последици за здравјето, безбедноста на храната, управувањето со водите и животната средина. Треба да бидеме подготвени, предупреди Талас.

Зачлени се на нашиот е-билтен