Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека епидемијата на мајмунски сипаници и понатаму е вонредна состојба за јавното здравје од меѓународна загриженост, што е највисоко ниво на тревога што организацијата може да го објави.
СЗО првпат прогласи вонредна состојба во август минатата година, а одлуката за продолжување е донесена поради континуираниот пораст на бројот на заболени и ширењето на вирусот.
Покрај тоа, конфликтите во источниот дел на Конго дополнително го отежнаа спроведувањето на мерките за борба против епидемијата, што беше еден од клучните фактори за донесување на одлуката, соопшти СЗО.
Според најновите податоци на организацијата, од почетокот на 2024 година се потврдени повеќе од 21.000 случаи на инфекција, од кои 70 биле фатални, главно во Конго.
Покрај тоа, минатата година се пријавени повеќе од 50.000 сомнителни случаи и повеќе од 1.000 смртни случаи.
Новата варијанта на вирусот „клад Иб“ продолжува најмногу да го погодува Конго, но случаи на инфекција се забележани и во Уганда и Бурунди.
Некои патници го донесоа вирусот во Тајланд и Обединетото Кралство, соопшти СЗО.
Мајмунската сипаница е вирусна инфекција која се шири преку близок контакт и обично предизвикува симптоми слични на грип.
Иако обично има благ тек, во некои случаи може да биде и фатален.