Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Телефонски разговор Сунак- Зеленски

Британскиот премиер Риши Сунак телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави Скај Њуз.

Сунак му рекол на Зеленски дека Британија ќе го поттикне напредокот со земјите од Г20 во надминување на руската блокада на житото во Црното Море.

Зеленски извести за контраофанзивата и тековните воени барања на Украина, а Сунак вети непоколеблива поддршка од Велика Британија и ги пофали украинските вооружени сили за нивниот напредок на бојното поле, информира медиумот.

Сунак и Зеленски, исто така, разговарале за влијанието на континуираната блокада на житото од страна на Путин во Црното Море, како во Украина така и врз снабдување со храна низ целиот свет.

– Премиерот Сунак се обврза дека ќе ја зајакне работата со земјите од Г20 за да се заобиколи руската блокада и да се обезбеди дека ранливите земји можат да пристапат до виталните пратки со жито, изјави портпарол на Даунинг стрит.

Најново