Телохранител на Рубио бил уапсен откако се степал со полицајци во Брисел

Телохранителот на американскиот државен секретар Марко Рубио бил уапсен откако се степал со полицајци во Брисел.

Агентот на Дипломатската служба за безбедност (ДСС) бил врзан со лисици минатиот понеделник, откако тој се разбеснил зашто персоналот во хотелот Амиго одбил повторно да го отвори барот по работното време, објави Вашингтон Егзаминер.

Телохранителот потоа станал физички агресивен кога персоналот, вклучително и ноќниот менаџер на хотелот, се обидел да го убеди да се врати во својата соба, изјавиле извори за весникот Вашингтон.

Кога била повикана полиција, агентот на ДСС се судрил со полицајците и бил уапсен.

Агентот беше ослободен подоцна истиот по интервенција на американската амбасада во Брисел.

Рубио минатата недела престојуваше во тој хотел кога ја посети Белгија на конференција на лидерите на НАТО, но тој не беше таму во моментот на инцидентот.

Зачлени се на нашиот е-билтен