Телото на папата Франциск утрово во процесија ќе биде донесено од Домот Света Марта, неговата резиденција во Ватикан, до базиликата Свети Петар за да им се овозможи на верниците да се простат од починатиот поглавар на Католичката црква.
Се очекува десетици илјади луѓе да му оддадат последна почит во Свети Петар пред неговиот погреб во сабота на кој се се очекува да присуствуваат и светски лидери.
Досега само кардиналите, членовите на Куријата и вработените во Ватикан можеа да се простат од починатиот понтиф во Домот Света Марта.
За разлика од повеќето папи, последното почивалиште на Франциск нема да биде во базиликата Свети Петар, најважната црква во римокатолицизмот, бидејќи тој побара да биде погребан во значително помалата базилика Санта Марија Маџоре.