Просечната температура на површината на светските океани на почетокот на април достигна 21,1 степен, што е највисока во историјата од почетокот на сателитското снимање.
Американската Национална агенција за океани и атмосфера (НОАА) објави податоци од кои произлегува дека е соборен претходниот рекорд од 2016 година, кога температурата на океаните во овој период од годината била 21 степен, пишува Гардијан.
Сегашната траекторија на пораст на температурата на океаните ги урива сите претходни рекорди, а се чини дека бројките ќе бидат уште повисоки, изјави климатологот од Универзитетот во Нов Јужен Велс, професор Метју Ингланд.
Научниците велат дека топлината сега се искачува на површината на океанот, што укажува на потенцијалниот модел на Ел Нињо во тропскиот Пацифик подоцна оваа година што може да го зголеми ризикот од екстремни временски услови и дополнително да ги предизвика глобалните рекорди за топлина.