Најмалку петмина полицајци се убиени во терористички напад врз нивното службено возило во северозападната пакистанска покраина Кајбер Пахтунхва, соопштија локалните власти.
Нападот се случил во округот Карак, во регион во близина на границата со Авганистан, изјави пакистанскиот министер за внатрешни работи Мохсин Накви.
⚡️Four Pakistani policemen guarding an oil and gas facility in Karak, Khyber Pakhtunkhwa, were killed in an attack by the Afghanistan-based TTP. pic.twitter.com/CQf1JXFWw3
— Pakistan Walli (@pakistanwalli) December 23, 2025
Осудувајќи го нападот, Накви истакна дека нападите врз припадници на безбедносните сили претставуваат отворен чин на варварство и бруталност. Тој нагласи дека жртвите нема да бидат залудни и дека државата ќе одговори со целосна решителност.
По нападот, во регионот е распоредено зголемено присуство на безбедносни сили, кои трагаат по сторителите. Властите предупредуваат дека во последните години ваквите напади стануваат сè почести, поради нестабилната состојба и безбедносните предизвици во пограничните подрачја.