Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тешеира, обвинет за протекување на доверливите документи за Украина планирал пукање и атентат

Џек Тешеира, кој наводно објави стотици доверливи разузнавачки документи за воените дејствија  во Украина, размислувал да започне пукање и да постави комбе за атентат, покажува судското вештачење на документите.

Американскиот државјанин кој се соочува со обвиненија за објавување доверливи документи за тековната инвазија на Украина се чини дека си поигрувал со идејата да се вклучи во масовно пукање, откриваат судските документи.

Според пораките што ги испратил во групата за разговор, објавени во предлогот на обвинителите во Бостон за продолжување на неговиот притвор, 21-годишниот Џек Тешеира рече дека ако го направи тоа по свое, ќе „убие  тон луѓе“ затоа што тоа би било „уништување на слабите умови“.

Во февруари оваа година, Тешеира и испрати порака на групата велејќи дека е во искушение да претвори специфичен тип на мини комбе во „комбе за атентат“ и опиша дека сака да изврши пукање во „преполна урбана или приградска средина“.

Претходно овој месец беше откриено дека Тешеира споделувал строго тајни и доверливи документи со затворена група за разговор на серверот Discord, документи до кои имал пристап како ИТ техничар кој управувал со онлајн безбедноста за базата на националната гарда на Отис во Кејп Код, Масачусетс.

Откако прво ја сподели содржината во напишаните пораки до групата, Тешеира ги фотографираше отпечатоците од документите и ги сподели.Овие фотографии потоа беа споделени во поголемите групи на Discord и на крајот завршија на руските канали на Телеграм пред да бидат широко пријавени.

Најголемото протекување во војната во Украина

Протекувањето покрена прашања за бројот на луѓе во американската војска и нејзините агенции кои имаат пристап до строго доверливи и чувствителни информации.

Експертите за безбедност веруваат дека истекувањето може да ги направи сојузниците на НАТО, како и украинската влада повнимателни во споделувањето информации за испорака на оружје и воени тактики.

Американските власти досега ја отфрлија можноста Тешеира да дејствува во име на малигни актери како Русија или Кина. Според разговорите протечени од интернет форумите во кои тој бил дел, Тешеира бил поттикнат од тоа што сакал да ја импресионира групата на луѓе со кои разговарал.

Тој беше уапсен во домот на неговата мајка во Дајтон, Масачусетс на 13 април и се соочува со обвиненија според Законот за шпионажа за задржување и пренесување информации за националната одбрана без овластување и неовластено отстранување и задржување на доверливи информации.

Извор: Еуроњус (Новатв)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново