Тешка несреќа во Стокхолм: Автобус се забил во стојалиште, има загинати

Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи во централниот дел на Стокхолм, автобус удри во автобуско стојалиште, при што животот го загубија повеќе лица, а има и повредени, соопшти шведската полиција.

Инцидентот се случил околу 15 часот на улицата Валхалавеген, една од позначајните градски артерии во шведската престолнина.

Полицијата соопшти дека случајот е класифициран како тешко убиство од небрежност, а истрагата е во тек. Од безбедносни причини, засега не се открива бројот на жртвите, ниту нивните лични податоци.

Надлежните органи најавија дека повеќе детали ќе бидат објавени по завршувањето на првичните истражни постапки.

Извор: N1info.rs

Зачлени се на нашиот е-билтен