Тифани Трамп, ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, викендов организираше луксузна забава за да го прослави скоро породувањето. На настанот, кој беше во елегантна бела и златна декорација, Тифани откри дека очекува машко дете.
Со долгата светлосина тоалета и украсите во исти тонови, таа сподели радосна вест со своите следбеници на социјалните мрежи, пишувајќи: „1 месец“, со што ја откри точното време кога се очекува да се породи.
Првата јавна објава за бременоста на Тифани беше направена од нејзиниот татко, Доналд Трамп, во октомври 2024 година. За време на својот говор во Детроит, Трамп ја спомена својата ќерка, зборувајќи за неа како за „исклучителна млада жена“ и откривајќи дека таа ќе стане мајка, што тој го нарече прекрасно.
Тифани е единственото дете на Доналд Трамп од неговиот брак со втората сопруга, Марла Мејплс. Се сметаше за „помалку позната“ во споредба со нејзините полубраќа и полусестри, а јавноста ја памети и по изјавата на нејзиниот татко дека е „малку помалку горд на неа“ отколку на другите деца.
Во 2022 година, Тифани се омажи за милијардерот Мајкл Булос, наследник на моќниот нигериски конгломерат „Булос ентерпрајсес“. Мајкл потекнува од Либан и детството го поминал во Нигерија, а во САД се преселил поради љубовта со Тифани. Тие се запознале во 2018 година на Миконос во клубот на Линдзи Лохан, а се вериле во јануари 2021 година, во време кога завршуваше мандатот на Доналд Трамп. Булос ја запросил Тифани со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари на тревникот на Белата куќа.