Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска изјави дека ја одбил понудата на белорускиот претседател Александар Лукашенко, Казахстан да се приклучи на Државната унија на Русија и Белорусија.
– Претседателот на Република Белорусија, Александар Григоревич Лукашенко понуди Казахстан да се приклучи на заедницата на држави. Ја ценам неговата шега. Мислам дека нема потреба од тоа бидејќи има и други интегративни асоцијации, пред сè Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), наведе Токаев.
Тој додаде дека Казахстан нема потреба од нуклеарно оружје ако треба да пристапи кон Договорот за неширење на нуклеарното оружје, како и кон Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни проби.
– Остануваме верни на нашите обврски кон овие меѓународни инструменти. Мислам дека соработката во овој огромен евроазиски регион или како што сега се нарекува Голема Евроазија треба да се развива во економска насока, за која сите сме заинтересирани. Мора да создадеме вистински заеднички пазар, посочи Токаев