Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Токио до СТО: Неприфатлива е кинеската забрана за увоз на јапонска морска храна поради Фукушима

Јапонија и порача на Светската трговска организација (СТО) дека кинеската забрана за јапонска морска храна по ослободувањето на пречистената вода од нуклеарната централа Фукушима е „целосно неприфатлива“.

Во контрааргументот на известувањето од Кина до СТО на 31 август за нејзините мерки за суспендирање на увозот на јапонски морски производи, Јапонија рече дека ќе ги објасни своите позиции во релевантните комитети на СТО и ја повика Кина веднаш да ја укине мерката.

Дел од јапонските официјални лица навестија можност за поднесување жалба до СТО поради кинеската забрана за увоз на морска храна, што американскиот амбасадор во Јапонија минатата недела рече дека е нешто што САД ќе го поддржат.

Во посебна изјава, јапонското Министерство за надворешни работи наведе дека Јапонија исто така побарала од Кина да одржи разговори за забраната за увоз поврзана со Фукушима според условите на трговскиот договор за Регионално сеопфатно економско партнерство (RCEP).

Јапонија,  со одобрение на Агенцијата за атомска контрола на Обединетите нации, почна да исфрла повеќе од милион тони загадена вода од уништената нуклеарна централа Фукушима во Тихиот Океан, што ја натера Кина да објави итна целосна забрана за увоз на морска храна од Јапонија. Тоа предизвика бес во соседните рибарски заедници.

Операторот на електраната, Токио Електрик Пауер (Tokyo Electric Power), испумпуваше мала количина вода од централата во четвртокот на 24 август, два дена откако јапонската влада го одобри планот. Операторот не идентификуваше никакви абнормалности со пумпата за морската вода или околните објекти, наведе Радио Слободна Европа.

Ослободувањето, кое се очекува да трае 30 до 40 години, предизвика бес во соседните земји и загриженост кај рибарите дека ќе ја уништи нивната индустрија бидејќи потрошувачите избегнуваат морска храна фатена во и околу Фукушима.

„Океанот е заедничка сопственост на целото човештво, а насилното испуштање на нуклеарна отпадна вода од Фукушима во океанот е крајно себичен и неодговорен чин кој ги игнорира меѓународните јавни интереси“, беше наведено во минатонеделното соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Зачлени се на нашиот е-билтен